Белград добива метро следната година?

101

До крајот на следна година ќе почне со изградба на белградското метро, најави тамошниот заменик градоначалник, Горан Весиќ, пренесува Екапија.

Тој додал дека во септември ќе биде усвоен Генералниот план за регулација на шински системи, што ќе овозможи издавање на дозвола за почеток на изградба.

“Тој план ќе овозможи и понатамошен развој на системот на белградските возови и поврзување на Сурчин и Обреновац во еден систем, како и подобро поврзување на другите приградски општини“, рекол Весиќ.

Во февруари тој најавил дека изградбата на белградското метри, чија вредност би била околу 3,8 милијарди евра, би требало да започне на крајот на оваа година. На средината на мај, српските власти и Франција потпишаа договор за донација на 8,3 милиони евра за реализација и финансирање на проектот посветен на белградското метро.

Фото: Freepik