Белград добива модерен шопинг центар, вреден 100 милиони евра

199

Во Белград се гради нов и модерен трговски центар со повеќе од 43.000 квадратни метри продажен простор и вкупна површина од 130.000 м2, пишува Ekapija. Инвестицијата е на компанијата MPC Properties, којашто ќе издвои повеќе од 100 милиони евра за овој објект.

Отворањето е планирано за почетокот на 2020 година, и во истиот ќе бидат застапени повеќе од 150 најзначајни меѓународни и регионални брендови коишто дополнително ќе ја збогатат понудата на овој дел од Белград, велат инвеститоорите.

Освен тоа, шопинг центарот ќе биде препознатлив и по иновативен концепт што ги следи последните светски трендови во малопродажбата со повеќе отворени површини, со многу природна светлина и зеленило, со цел да им даде максимална атмосфера за уживање и купување на посетителите. Дизајнот е на познатото архитектонско студио од Дизелдорф, Chapman Taylor.

Новиот шпопинг центар ќе им понуди на гостите и кино, супермаркет и богат гастрономски избор со кафетерии и ресторани.

Инаку, ова е уште една во низата инвестиции на компанијата MPC Properties, којашто е позната на пазарот по еден од најголемите регионални шопинг центри во Белград, UŠĆE Shopping Center.

Фото: MPC Properties