Белград го доби првиот Hilton хотел

27

hilton-1750565_960_720Фото: Pixabay

На осум спрата и со 242 соби, во српската метропола вчера (01.03), свечено беше отворен познатиот ланец хотели Hilton. Хотелот има пет ѕвездички, располага со 656 метри квадратни соби за состаноци и балски двор, пренесува Ekapija.

Освен тоа, Hilton Belgrade ќе понуди услуги како спа центар, сауна, фитнес центар и ресторани во коишто ќе се послужува домашна, српска храна, но и интернационални јадења. Предвидено е хотелот да вработи околу 300 луѓе.

Ланецот хотели Hilton е една од најголемите светски угостителски компании што ја имаат проширено својата хотелиерска дејност во 103 држави во светот.