Белград и Љубљана заеднички ќе развиваат брза железница

79

Градоначалниците на Белград и Љубљана, во главниот град на Србија, потпишале писмо со намери, со коешто се дефинира иницијатива за развој на брза железница меѓу централна и југоисточна Европа, пишува РТС.

Дел од проектот, што го започна првиот човек на Љубљана, покрај Србија и Словенија, би требало да бидат и Европската комисија, Австрија, Италија, Хрватска,Бугарија и Турција.

Градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, смета дека на овој начин ќе се намали употребата на авиони, а според Зоран Радојчиќ, градоначалник на Белград, многу е важно таквите иницијативи да доаѓаат од локалните самоуправи.

Фото: Freepik