Инженери од лабораторија на јавното комунално претпријатие Белград развиваат соодветна мешавина на асфалтна маса и технологија што ќе овозможи квалитетно санирање на оштетените коловози.
Станува збор за иновативен самовградлив, тврдо лиен асфалт (со додаток за микро армирање или додавање на природен битумен) и технологија што подразбира чистење со издувување на оштетениот асфалт и негово полнење без потреба од ваљак. Со тоа, како што пишува Градња.рс, се постигнува висок степен на отпорност на нови оштетувања.
Предноста на оваа иновација, во однос на класичното санирање на дупки, е во брзината на извршената работа. Со нејзина примена, учинокот на бројот на санирани оштетувања би се зголемил за четири до пет пати.
Фото: Pixabay