Градското сообраќајно претпријатие Белград најави дека воведува прва линија автобус на чист електричен погон во градскиот превоз, која би требало да биде реализирана во јуни оваа година, јавува РТС.
Проект – менаџерот на ГСП, Слободан Мишановиќ вели дека според истражување на ЕУ, до 2030 година преку 40% од сите јавни возила ќе бидат на електричен погон, а до 2050, сите.
Предноста на овој вид на превоз е помала бучава и емисија на штетни гасови. Автобусите ќе се полнат на почетните станици, а процесот на полнење трае меѓу пет и осум минути. Наместо на батерија, автобусот ќе работи на суперкондензатор, чие траење е многу подолго.
Годишната сметка за струја ќе изнесува 7.000 евра по автобус.