Bellabeat со нова генерација паметен накит

33

Хрватско – словенечкиот старт – ап, Bellabeat развива паметен накит, којшто со помош на мобилна апликација и напредна технологија, може да го создаде најголемиот wellness клуб за жени во светот, пишува Пословни дневник.

“На почетокот на 2020 година на пазарот ќе се појави нов паметен накит, нова генерација и нов дизајн што ќе мери дополнителни перформанси“, вели Уршка Сршен, соосновач на Bellabeat.

Инаку, Bellabeat е основан во 2014 година и денес има 70-тина вработени, од кои 65% се жени. Компанијата, којашто оперативно функционира од Загреб, има правно седиште во САД. Зад Bellabeat, освен Сршен, стои хрватскиот математичар Сандро Мур. Нивниот прв производ е паметниот привезок Leaf, во облик на нараквица и синџирче.

Фото: Facebook