Бен Дор го соопшти бизнис планот

18

Израелската компанија Бен Дор, која е заинтересирана за отворање откупно-дистрибутивен центар во Гевгелија на средбата со градоначалникот Иван Франгов и гевгелиските производители на зеленчук и овошје, го соопшти првичниот бизнис план. Во првата фаза се планираат логистички центри за испитување на можностите и потенцијалните пазари, а потоа реализирање сопствено производство на единствени сорти овошје, годишно до 10.000 тони.
За реализација на проектот, општина Гевгелија понуди локација за пунктот во Агроберзата кај Негорци. Компанијата Бен Дор ги поседува сите меѓународни стандарди за квалитет и располага со пакувачки капацитети, ладилници и транзитни станици.