Bentley претстави детски трицикл за околу 500 долари

71

Британскиот производител на луксузни автомобили, Bentley претстави детска количка на три тркала под името Bentley Trike, по цена од околу 500 долари.

Според производителот на луксузни автомобили, количката е комбинација од “елеганција, функционалност и високоприлагодлив дизајн“, пренесуваат светските медиуми.

Количките во боите од палетата на Bentley се достапни за деца постари од една година.

Седиштето може да се движи за 180 степени со притискање на едно копче, а како расте дететот, така и држачите за стапалата може да се прилагодуваат и на крајот целосно да се извадат за да може детето само да врти со педалите. Може да се отстрани и делот за грбот, заштитниот покрив, рачката за туркање и сигурносните појаси.

Во зависност од обликот, Bentley Trike може да се трансформира во шест различни облици, а има и 12 безбедносни точки, што го прави еден од “софистицираните колички и трицикли за деца“.

Фото: Bentley Trike