Бензините од полноќ поевтини за половина денар

20

бензинска-пумпа-2 Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 80 ден/лит. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 68 ден/лит, додека на Екстра лесното масло за домаќинство 56,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг, така што сега тој ќе се продава за 40,926 ден/кг.
Намалувањето на нафтените деривати се должи на пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на доларот во однос на доларот.