Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар

28

benzin За половина денар за еден литар од полноќ се зголемуваат малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, одлучи на последната седница Регулаторната комисија за енергетика.

Според најновата одлука, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78,50 ден/лит, додека цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 80,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) останува иста, односно 70,00 ден/лит.

Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 58,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,525 ден/кг, и ќе изнесува 40,208 ден/кг.