Бензините поевтини за 1,50, дизелот поскап за половина денар

11

benzini

Бензините и дизел горивото од ноќеска ќе имаат нови цени. Намалаување од 1,50 денари ќе има кај цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, додека Еуродизел и Екстра лесното масло за домаќинство ќе бидат поскапи за половина денар за литар, е најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 78,50 ден/лит, а цената на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 80,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 ден/лит, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 56,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,178 ден/кг, и новата цена ќе биде 39,454 ден/кг.