Бензините поевтини за пола, дизелот за еден денар

32

Бензините и дизелот поевтинуваат за половина, односно еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 од полноќ поевтинува за половина денар и новата цена му е 67,50 денари, додека за исто толку поевтинува и Еуросупер БС – 98 и ќе се продава по 69,50 денари за литар.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) е пониска за еден денар и ќе биде 60 денари за еден литар. За еден денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство што од полноќ ќе чини 49 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,490 ден/кг и ќе се продава по 36,395 ден/кг.

Фото: Pixabay