Бензините поевтинуваат, дизелот по стара цена

9

Бензините од полноќ поевтинуваат за половина денар, додека дизелот и оваа недела ќе се продава по иста цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 59 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 61 денар.

И оваа недела, литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 50,50 денари, исто како и Екстра лесното масло за домаќинство.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,754 ден/кг.

Фото: Freepik