Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува за пола денар

63

Горивата од полноќ добиваат нови цени, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за еден денар и неговата нова цена ќе биде 48,50 денари за литар, додека Еуросупер БС – 98 добива цена од 50,50 денари што претставува намалување од 1,50 денари во однос на минатата недела.

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за пола денар: Еден литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава за 46 денари, а новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство оваа недела ќе биде 35 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 18,891 ден/кг.

Фото: Pixabay