Бензините поевтинуваат за 1,50 денари, цената на дизелот не се менува

58

Бензините од полноќ поевтинуваат за 1,50 денари, додека цената на дизелот и оваа недела нема да се менува, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе биде 67 денари, а новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 69 денари за еден литар.

И оваа недела Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 61,50 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ – 1) ќе биде 50,50 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,293 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.12.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 34,478 ден/кг.

Фото: Pixabay