Бензините поскапи за еден денар, цената на дизелот непроменета

21

731A6C0C4B04A24589690DB015ADC729Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ бензините ќе поскапат за еден денар, а цената на дизелот останува иста.

Новата цена на Еуросупер БС-95 е 80 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 81,50 денари за литар. Цената на мазутот ќе се намали и ќе изнесува 41,04 денари. Цената на дизелот ќе остане непроменета и ќе изнесува 67,5 денари.

Во изминатиот 14-дневен период просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар изнесуваше 102,125 долари за барел и е за 1,18% пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 47,7 денари за долар што е за 1,16% повисок од курсот по кој беа формирани претходните цени.