Бензините поскапуваат, дизелот по стара цена

21

Бензините поскапуваат за половина денар, додека дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство и оваа недела ја задржуваат истата цена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 60 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 62 денари.

Еуродизел (Д-E V) и оваа недела ќе се продава по 52 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 51,50 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,251 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.08.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,531 ден/кг.

Фото: Freepik