Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува оваа недела

34

Бензините поевтинуваат за половина денар, а за исто толку поевтинува дизел горивото, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе биде 60 денари, а еден литар Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 62 денари. Според одлуката, новата цена на дизелот Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за еден литар.

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за еден денар и ќе чини 52 денари. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,351 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,709 ден/кг.

Фото: Freepik