Бензините поскапуваат за пола денар, за толку поевтинува дизелот

11

Оваа недела бензините поевтинуваат за половина денар, а за исто толку поевтинува дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Па така, литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 67,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 70 денари.

Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) оваа недела ќе биде 61,50 денари за еден литар, додека Екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 50 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,302 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 28.10.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 33,134 ден/кг.

Фото: Pexels