Бензинот поскапува, дизелот поевтин за еден денар

15

benzinФото: Pexels

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит и ќе изнесува 68 ден/лит. Во цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 нема промени. Таа ќе остане 69,50 ден/лит, објави Регулаторната комисија за енергетика.

Кај малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) има намалување за 1 ден/лит. Со овие промени ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека, пак, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе биде 48,00 ден/лит.

Цената на мазутот М-1 НС се намалува на 29,099 ден/кг, информираат од Регулаторната комисија.