Данскиот производител на електроника, Bang & Olufsen, креираше телевизор што се склопува како декоративен елемент кога не се користи, пишува Dezeen.
Beovision Harmony се поставува ниско на подот прекриен со две декоративни панели од алуминиум и дрво коишто делумно го прекриваат црниот екран.
Во панелите е вграден звучниот систем, а подлогата е дизајнирана за да создаде оптимален акустички перформанс.
Beovision Harmony, исто така, е достапен во панели со сива ткаенина во две нијанси и алуминиумска прекривка. Телевизорот е со 77-инчен OLED C9 екран на LG, а звучниот систем е дело на Bang & Olufsen.
Фото: Bang & Olufsen