“Почитуваниот“ финансиски експерт и поранешен претседател на Nasdaq, Берни Медоф е лидер на понзи измамата, која изнесува 67 милијарди долари. Човекот кој важеше за “гуру” во инвестирањето во моментов отслужува 150-годишна затворска казна. Тој во судскиот процес се изјасни за виновен во врска со дадените обвиненија кон него и потврди за што беше обвинет. Но, неговиот неславен крај беше зацементиран и со лошите вести кои ги затекна во затвор. Неговите двајца синови умираат. Едниот од рак, а другиот се самоубива во 2010 година.
Кој е Берни Мадоф?
Бернард Мадоф е роден на 29 април 1938 година во Њујорк. Започнува со свој бизнис во раните 60-ти години од минатиот век и ја формира својата инвестициска компанија Bernard L.Madoff Investment Securities LLC со вложување од 5.000 долари, која во средината на 90-тите години зазема голем дел од Wall Street. Мадоф со вложувањата во хартии од вредност се покажа иновативен, развива високотехнолошка операција, којашто експертски одговараше на релативно мал обем на купување и продавање по наредба на мали инвеститори. Работел со познати личности како Стивен Спилберг, Том Круз и други. Компанијата на Мадоф нудела скромни и стабилни враќања на инвестициите само за одбрани ексклузивни клиенти. Наместо во работата да се фокусира на нудење на високи враќања на инвестициите за ситни потенцијални инвеститори, ваквиот инвестициски модел на Мадоф бил пласиран како: “прекомплициран за да може да биде сфатен од обичниот човек“.
Како Евреин ја добил довербата од Евреите
Мадоф бил Евреин и се верувало дека неговата стратегија била да ја добие довербата на Евреите, при што во работата се фокусирал на врските во еврејската заедница, соработувајќи со луѓе од еврејско потекло кои имале огромни материјални средства. Мадоф бил мајстор на продажби, кој успеал да го убеди поголемиот дел од Палм Бич да му ги даде своите пари. Адвокатот Jerry Reisman за Мадоф изјавува:
“Тој беше човек кој влева стравопочит, во работата прави да се чувствувате како во ексклузивен клуб. На тој начин ги придобиваше луѓето, поточно на тој начин ги доби инвеститорите. Тој е истовремено фантастичен и брилијантен во работата на маркетингот“.
Принципот на работа на Мадоф беше тргување во обем на њујоршката берза, поточно тргување со многу од нејзините акции и воедно крадење во обем. Тој правилно предвидува дека берзата ќе стане компјутеризирана и за купување и продавање на акции принципот ќе биде системски. Во неговите системи често се предвидени подобри цени, привлекување муштерии, во кои се вклучени и брокери како Фиделити и Чарлс Шваб. Мадоф како брокер секогаш имал висок степен на бизнис трансакции. Успешноста во работењето на Мадоф и постојаната добивка се препишува на неговата способност добро да ги темпира своите инвестиции.
Мадоф успевал годишните враќања на инвестициите да ги одржи невообичаено конзистентни кои редовно изнесувале околу 10% од направената инвестиција. Овој начин на работа и оваа бројка на враќање биле клучни за долгиот успех на шемата. Понзи шемите ветуваат годишни враќања на инвестиции од 20% и повеќе. И во периоди кога другите фирми остварувале значителни загуби, шемата на Мадоф функционирала одлично. Во последните 17 години неговата компанија остварувала 10,5% годишно враќање на инвестициите. За неговите клиенти враќањето на инвестицијата била главната причина за тоа зошто му верувале на Мадоф. Причината за доверба била кога и да посакаат да ги повлечат своите инвестиции, тој им ги враќал парите и тоа во рок од само неколку денови. Колку и да било успешно работењето на Мадоф и неговата шема сепак мора да имало некој недостаток.
Под тежината на уривање на берзата, барањата од инвеститор за спас од моментална ситуација, конечно Медоф го признава својот пораз. Признава дека неговите синови, Ендрју и Марк, се директори на трговски друштва, а неговото управување со инвестиции е само измама.
“Тоа е само една голема лага, која во основа е гигант Понзи шема“, изјави Мадоф.
Според Законот за хартии од вредност, следува кривична пријава против него за измама. Медоф, останува на слобода со 10 милиони долари кауција и се соочува со потенцијална казна од 20 години затвор. Одреден близок круг на личности – луѓе кои го познаваат Медоф ќе речат неговата сага ги потсетува на грчката трагедија. Финансиските штети од оваа измама проценети се на 64 милијарди долари од кои девет милијарди им се вратени на оштетените. Во оваа афера потрошени се огромни суми на судски процеси и владини тела кои го истражувал овој случај на најголемата Понзи шема во историјата.
Во јуни 2009 година Бернард Мадоф осуден е на 150 години затворска казна, што претставува максимална затворска казна што може да биде дадена за овој вид криминални активности.
И во затвор не мирува: Отворил синџир на продажба на чоколади
FOX News информира дека Медоф си создал свој бренд на топло чоколадо во затворот каде што е сместен. Новинарот Стив Фишман истакнува дека Медоф продолжува да ги применува своите бизнис инстинкти во затвор. Како дошло до тоа?
“Во еден момент тој го презел пазарот на топло чоколадо. Тој го откупил секое пакетче Swiss Miss во кантината и ги продавал со добивка во дворот на затворот. Тој го монополизирал топлото чоколадо! Тој направил така, ако сакате дури и малку, ќе треба да се јавите на Берни“, раскажува новинарот.
Се сними филм за Медоф и неговата финансиска измама
Роберт де Ниро ја игра главната улога како Берни Медоф заедно со Мишел Фајфер како неговата сопруга Рут. Ова филмско остварување го прикажува финансиерот од Волстрит во декември 2008 година и измамата од 65 милијарди долари. Режија на добитникот на Оскар, Бери Левинсон, Волшебникот на лагите ги прикажува смелите измами на Медоф кои почнале во 90-тите. Односно во 1987 година, а можеби и порано, и продолжиле до финансиската криза во 2008 година, што кулминирало со апсењето на Медоф. Со тоа неговата сопруга и двата сина биле во центарот на јавното внимание за на крај да резултира со трагични последици.
Филмот е сниман врз база на бестселерот Волшебникот на лагите: Берни Медоф и смртта на довербата од Дајана Б. Хенрикес. Плус има и секвенци од дополнителни извори од книгата на Лори Сандел Вистината и последиците. Хенрикес се прикажува во сцени во кои го интервјуира затворениот Медоф, кој во 2009 година добил 150-годишна затворска казна, максимално дозволената за неговите злосторства.