Берза: Над 50% пад на прометот во ноември

21

Прометот на Македонска берза во ноември се позиционираше на 356.200.666 денари или 50,19% помалку во однос на претходниот месец, покажува Месечниот статистички билтен.

Пад е забележан и кај пазарната капитализација, којашто во пресметковниот период беше на ниво од 163.725.833.393 денари и 1,47% помалку во однос на октомври. Во текот на ноември се реализирани 1.804 трансакции или 29,91% помалку во споредба со претходниот месец. Индексот МБИ 10 имаше вредност од 3.468,52 поени, што претставува намалување од 2,69% во однос на октомври.

Топ три акции со коишто најмногу се тргуваше на официјалниот пазар на берзата се оние на: Комерцијална банка (384 трансакции), Стопанска банка (269 трансакции) и Макпетрол (115 трансакции).

Најголем пораст во текот на ноември имаа акциите: Сковин Скопје (148,76%), Адинг (25%), Централна кооперативна банка (16,67%), Стопанска банка Скопје – приоритетни акции (14,33%) и Арцелормиттал Скопје ЦРМ (10,32%).

Од друга страна, најголем пад забележаа: Макошпед (-28,39%), Стопанска банка Битола (-24,95%), Окта (-15,31%), РЖ Услуги (-15,14%) и Бетон Скопје (-13,01%).