Берзата во “црвено“ минатата недела

38

Вкупниот промет остварен на Македонска берза, во период од втори до шести ноември оваа година, достигна вредност од 2.113.277 евра или 28,86% помалку во однос на претходната недела, покажува Неделниот преглед.

Пад од 12,98% има кај вкупниот број на трансакции (409). Во минус од 0,46% заврши пазарната капитализација, којашто изнесуваше 3.300.338.860 евра, додека на шести овој месец таа имаше вредност од 1.800.761.959 евра или 1,95% помалку во однос на истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ 10 минатата недела ја заокружи на 4.344,98 поени или 1,89% помалку во однос на претходната недела.

Од втори до шести ноември, најтргувани акции на берзата беа оние на: НЛБ Банка, Комерцијална банка, Алкалоид, Гранит и Стопанска банка Скопје.