Берзата во “црвено“ минатиот месец

28

Прометот на Македонска берза во текот на минатиот месец достигна вредност од 757.514.703 денари, што претставува пад од 45,52%, покажува Месечниот статистички билтен.

Пад од 42,19% има кај вкупниот број на трансакции, коишто во март беа 1.466 на број.

Пазарната капитализација на берзата во текот на март се позиционираше на 190.870.662.574 денари или 0,43% помалку во споредба со еден месец претходно.

И индексот МБИ 10 во март забележа пад и тоа од 3,23%, достигнувајќи 4.845,05 поени.

На официјалниот пазар, според билтенот, направени се 1.436 трансакции, што е 55,49% учество во вкупниот промет. На редовниот пазар се реализирани 17 трансакции, додека во истиот период беа направени 13 блок трансакции.