Берзата во “црвено“ неделава

36

Прометот, бројот на трансакции и пазарната капитализација на Македонска берза бележат пад, покажува Неделниот преглед за периодот од први до четврти јуни оваа година.

Вкупниот промет на берзата се позиционираше на 1.330.333 евра или 11,01% помалку во однос на претходната недела. Во периодот од први до четврти јуни оваа година се реализирани 285 трансакции или 4,68% помалку во однос на неделата претходно. Пазарната капитализација достигна ниво од 3.233.471.894 евра или 0,38% помалку во однос на претходната недела. Пазарната капитализација, како што стои во Неделниот преглед, на четврти овој месец беше 1.746.649.155 евра или 3,28% помалку во однос истиот период минатиот месец.

Индексот МБИ10 на последниот трговски ден за оваа недела заврши со 4.198,39 поени или 1,51% помалку во однос на претходната недела.

Фото: Freepik