Берзите во Европа без поголеми промени – вниманието на кризата во Франција

На европските берзи се тргуваше претпазливо во среда претпладнето, при што индексите не забележаа поголеми движења, а фокусот на инвеститорите е  политичката криза во Франција.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,1 отсто во првиот пресек од тргувањето. Лондонскиот индекс FTSE порасна за 0,28 отсто на 9.510 поени, а парискиот CAC 40 скокона за 0,27 отсто на 7.996 поени. Франкфуртскиот DAX падна за 0,04 отсто на 24.377 поени.

Фокусот на инвеститорите останува на политичката криза во Франција, која се продлабочи во понеделникот кога премиерот Себастијан Лекорну неочекувано поднесе оставка. Сепак, претседателот Емануел Макрон му даде рок до средата вечерта да одржи уште една рунда разговори со политичките партии за да се најде излез од кризата.