Беше епицентар на епидемијата, а сега привлекува туристи

45

Провинцијата Хубеј, сместена во централниот дел на Кина, којашто беше упориште на коронавирусот, отвора 63,2% од своите туристички атракции, пренесува China Daily.

Насоките за претстојните првомајски празници велат дека отворените туристички атракции ќе треба да го ограничат бројот на посетители на максимум 30% од дневниот капацитет и може да ги отворат само надворешните делови за да се спречи евентуално ширење на заразата.

Туристите задолжително треба да резервираат влезница на официјални интернет страници, преку апликација за мобилен или телефонски.

Една од познатите туристички атракции во градот Вухан е традиционалната кула Yellow Crane Tower, којашто останува затворена за туристите и во следниот период.

Фото: Pixabay