Бесплатен интернет преку иницијативата на Facebook достапен во Индија

82

internet org

Иницијативата на Facebook, Internet.org., чија цел е да обезбеди бесплатен интернет во земјите во развој, сега е достапна за жителите на Индија, пишува Tech Crunch.

Станува збор за апликацијата Free Basics, преку која корисниците ќе имаат пристап до Facebook и Facebook messenger, интернет енциклопедијата Wikipedia, BBC News, пребарувачот Bing, Dictionary.com, како и локални сервиси за вести.

Оваа активност е остварена во партнерство со телекомуникацискиот оператор Reliance, којшто е четврт најголем оператор во земјата со околу 110 милиони претплатници.

За почеток, Internet.org ќе биде достапен во шест индиски држави.