Железницата на Црна гора од пред два дена воведе интернет во новите возови.
“Со цел да ги подобриме услугите, Железнички превоз Црна Гора им обезбеди на своите патници бесплатен интернет во новите возови CAF на сите релации на кои сообраќаат”, стои на интернет страната на Железницата.
Железницата на Црна Гора лансираше и андроид апликација преку која патниците можат да се информираат за возниот ред и цената на превозот.