Бесплатен курс по англиски јазик за охридските таксисти

20

Советот на општина Охрид усвои програма насочена кон подобрување на ефикасноста и квалитетот на такси превозот во градот, преку субвенционирање на такси превозниците кои ќе го изучуваат англискиот јазик, пишува Миа.

Посебен курс за обука на превозниците ќе се формира во рамките на работничкиот универзитет Кузман Шапкарев. Според секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, 68 лица веќе стекнале право субвенционирано да го посетуваат курсот, а за останатите услугата е отворена и можат да пристапат и да го искористат пакетот.