Бесплатен WiFi во автобусите на Галеб

202

4css3Отсега патниците кои ќе патуваат со транспортната компанија Галеб од Охрид ќе можат да уживаат во возењето сурфајќи на интернет.

Галеб во соработка со мобилниот оператор Вип воведува WiFi услуга во речиси сите минибуси и комбиња на приградските линии и во сите автобуси кои се обраќаат на меѓуградските линии.

Транспортната компанија за ова лето најавува уште изненадувања за своите патници и намалувањена цените кон плажите на охридската ривиера.

Исто така превозникот ја воведе сезонската автобуска линија од Охрид кон познатите одморалишта во Црна Гора, па така автобусите на Галеб летово секој парен датум ќе сообраќаат кон познатите летувалишта во Црна Гора: Улцин, Бар, Суто Море, Будва, Котор и крајната дестинација Херцег Нови. Од Црна Гора кон Охрид, Галеб ќе вози секој непарен датум.

Цената на билет во еден правец изнесува околу 25 евра во зависност од крајната дестинација, а повратната карта околу 40 евра.

Компанијата викендов ја стартуваше и новата експрес линија Охрид – Белград – Нови Сад. Цената во еден правец изнесува 1.800, односно 2.100 денари, а повратниот билет чини 3.300, односно 3.600 денари.