Бесплатна апликација за iPhone и iPad на Макфакс

47

Макфакс независната новинска агенција, ја лансираше својата прва мобилна апликација за iPhone и iPad, која е целосно оптимизирана за последните модели на овие уреди.

Со оваа нова апликација корисниците ќе можат секогаш да бидат во тек со најновите вести од Македонија, регионот и светот. Преку оптимизираниот дизaјн, прелистувањето на содржините од официјалниот сајт на Макфакс ќе оди многу лесно, со помош на допир.

“Ние креиравме апликација чиј примарен фокус е задоволување на потребите за квалитетна содржина за корисниците на iPhone и iPad уреди. Макфакс апликацијата е особено корисна за луѓето кои се секогаш во брзање и кои, пред сè, сакаат да останат информирани за најновите вести и големите случувања, без разлика дали се работи за настан од Македонија, регионот или од светот”, вели Давор Пашоски, управител на Макфакс.

Како што велат од Макфакс корисниците на страната се “на еден допир” до најновите вести поврзани со темите од нивен интерес.

“Ова е само почеток. Веќе се испланирани новите функционалности со кои апликацијата ќе се надгради во скоро време и со кои ќе се подобри корисничкото искуство”, вели Пашоски

Апликацијата може бесплатно да се преземе од App Store.