Проект наменет за лица од социјално загрозените семејства почна да се реализира во рамки на активностите за општествена одговорност на Универзитетот Св. Апостол Павле во соработка со Црвен крст – Охрид.
Во рамки на проектот, учениците на возраст од 16 до 18 години, од таа социјално ранлива категорија ќе имаат можност бесплатно да стекнуваат знаења и вештини за веб програмирање, за што на крајот ќе добијат и соодветен сертификат.
На тој начин, како што се наведува, се отвора можност кај овие млади луѓе, да го искористат стекнатото знаење и да креираат опција повеќе при нивно вработување или отворање сопствен бизнис.