Бесплатни Ковид тестови за сите семејства во Британија кои имаат деца во училиште

16

Сите семејства во Велика Британија, кои имаат деца на училишна возраст ќе добијат бесплатен прибор за тестирање на коронавирус во домашни услови, најавија властите во Лондон.

Тестовите ќе им бидат испратени на децата и на нивните родители, како и на оние кои работат со деца на таа возраст, на пример, возачи на автобуси. Секое лице ќе добива по два теста неделно. Децата во средните училишта ќе бидат тестирани три пати во училиштата. Оние кои ќе добијат позитивен тест ќе мора да направат и ПЦР тест.

Тестовите не се задолжителни, а овој потег е со цел запирање на асимптоматското ширење на заразата, бидејќи училиштата во Велика Британија треба да се отворат на осми март.

Фото: Pexels