Бесплатни MS Office обуки за невработени во Seavus едукативниот и развоен центар

4

unnamed-1

Seavus едукативниот и развоен центар во рамки на проектот на Агенцијата за вработување на РМ, во изминатите пет месеци активно спроведуваше бесплатни обуки за MS Office и околу 400 невработени лица од цела Македонија, се стекнаа со дипломи за поседување на знаење и вештини за Microsoft Word, Excel, Outlook, Power Point и Access.

Од едукативниот центар испраќаат повик до сите невработени млади лица до 29 години кои се евидентирани во системот на АВРМ како активни баратели на работа да ги искористат последните термини за обука и преку посетата на бесплатните обуки да го унапредат своето знаење и да го збогатат своето CV со овие компетенции за административно работење.

Проектот има за цел подобрување на стручната подготвеност на слушателите со што ќе се зголеми нивната конкурентност на пазарот на труд и можноста за вработување. Обуките се спроведуваат во повеќе градови низ државата, а по завршувањето на истите слушателите освен знаењето и вештините добиваат и  соодветни дипломи.

Аплицирањето за обуките се врши во Агенцијата за вработување, при што еден слушател може да ги посетува сите пет обуки, но не истовремено, за што е потребно да аплицира за секоја од петте обуки поединечно.