Бесплатни офталмолошки прегледи по повод Светскиот ден на видот

21

denica

На 12.10.2017 година, по повод Светскиот ден на видот, под мотото Гледај подобро, живеј подобро, Специјалната очна болница Деница, ќе овозможи целодневни бесплатни очни прегледи за сите заинтересирани граѓани во насока на превенција на нивното очно здравје. Закажувањето на прегледите започнува денеска,  05.10 (четврток), на бројот 02/2446-400 и ќе трае сé до пополнувањето на сите термини, стои во соопштението.

Светскиот ден на видот се одбележува секоја година, вториот четврток во месец октомври, како резултат на иницијативата на Светската здравствена организација, а со цел општествата и граѓаните да посветат соодветно внимание на сите оштетувањата на видот, на проблемите со слепилото, како и на рехабилитацијата на слабовидните лица.

Меѓународниот тим на Специјалната очна болница Деница, под раководство на д-р Наум Трпеноски, од мај 2017 година, нуди врвни здравствени услуги од областа на офталмологијата, хирургијата, дијагностиката и контактологијата.