Бесплатни прегледи за коса во City Mall

19

Здружението за здравствена превенција и социјална заштита на граѓаните Превентус во соработка со центарот за коса 101 Hair Care во недела од 12.30 до 15.30 часот во т.ц. City Mall организираат бесплатни прегледи за коса за граѓаните.

„Моември како месец на машкото здравје се покажа како успешна кампања а една од темите беше проблемот со косата кај мажите. Поттикнати од интересот кај граѓаните за прегледи на косата, се решивме со трихолозите повторно да организираме настан на кој директно и отворено да се разговара на таа тема“, вели Анастасија Јовановска од Превентус.

Тимот на доктори – трихолози од центарот за коса 101 Hair Care постојано се во акција, се со цел да ги едуцираат граѓаните за грижата за нивната коса.

„Очекуваме на настанот се повеќе граѓаните да не посетат и директно да разговараат со нас. Проблемот на косата се јавува кај сите генерации, особено и кај младите. Од година во година се поголем причинител за проблемот со косата е стресот, брзото темпо на живеење и негрижата за себе си“, додаде д-р Елена Арсова, трихолог.