Бесплатно до земјата на изгрејсонцето, авиокомпанија подарува 50.000 авиобилети

102

Japan Airlines планира да подари 50.000 повратни авиобилети на меѓународни патници на лето 2020 година. Авиобилетите ќе важат во период од први јули до 30-ти септември.

Оваа промотивна акција на јапонската туристичка заедница е со цел да ги популаризира помалку познатите дестинации во земјата, а наменета е за лицата кои веќе планираат да ја посетат земјата за време на траењето на Олимписки и Параолимписки игри во Јапонија.

За да освои бесплатен билет, патникот треба да биде регистриран надвор од Јапонија, а пријавите ќе бидат достапни на интернет страницата на авиокомпанијата кон крајот на февруари 2020 година. Авиокомпанијата ќе препорача четири локални дестинации кои патниците ќе може да ги изберат. За добивање на бесплатен авиобилет патникот може да се пријави сам или со група до четири лица.

Јапонската влада очекува за време на Олимпијадата земјата да ја посетат околу 10 милиони туристи од целиот свет.

Фото: Pexels