Бесплатно предавање Startup By Design во Сеавус Инкубатор

20

ccb7233c-aad0-4dfb-8730-78ca8de9b47f

Во среда (07.12.2016) од 17 до 19 часот во Сеавус инкубатор ќе гостува Рана Чакрабарти, дизајнер на кориснички искуства за производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP. Тој ќе одржи бесплатно предавање на тема Стартап преку дизајн, стои во соопштението.

Рана ужива да дизајнира кориснички искуства и интервенции и да ги обучува компаниите и стартапите на овој процес. Процесот низ кој ги води компаниите, при осмислувањето на новите иновативни производи и услуги, не остава ниту едно прашање неодговорено и уште во процесот на развој обезбедува производот да биде што поподготвен за пазарот на кој ќе се пласира.

Настанот е овозможен од Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP), поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact.