Бестнет аналитика – алатка на Македонска банка за инвеститори, брокери и менаџери

48

analizira

Македонска берза ја претставува Бестнет аналитика, алатка за инвеститори, брокери, менаџери и за оние кои почнуваат на берзата. Оваа алатка ќе им помогне во градење на компетентни ивестициски стратегии и носење на квалитетни инвестициски одлуки.

“Продуктот Бестнет аналитика е едноставен и сигурен онлајн систем, којшто нуди целосно решение со кое се олеснува анализата на работењето на компаниите и помага во навременото и правилно носење на инвестициски одлуки“, стои во соопштението.

Бестнет аналитика е достапен 24 часа, седум дена во неделата со алатки за: Техничка анализа и тоа преку сетот технички показатели содржи преку 40 индикатори и осцилатори дефинирани преку нивните параметри; Фундаментална анализа на акции со податоци  за  повеќе од 100 компании со кои се тргува на Македонската берза и преку 70 најразлични финансиски показатели  за  компании  и  повеќе  од  40  показатели  за  банки и Мое портфолио со кое се нуди следење на изложеноста на вложувањата и полесно утврдување на ризикот од вложувањето по тековни цени во реално време.

За да станете корисник на еден, два или на сите три модули, потребно е да пополните онлајн апликација, во којашто се наведуваат основните податоци и да го одбележи модулот или модулите за претплата.

Времетраењето на претплатата е минимум една година, а истата за физички и правни лица на годишно ниво е 18.000 денари + 18% ДДВ. Претплатниците добиваат и попуст за повеќе корисници.