Бетон од Штип купува 49% од основната главнина на Млекара Здравје Радово

147

beton-stip-580x328

Собранието на акционери на ГТД Бетон од Штип донесе одлука за купување удел во трговско друштво, стои во одлуката објавена на Македонска берза.

“Се одобрува склучување на зделка што претставува купување на удел што претставуваат 49% од основната главнина на Друштвото за производство Млекара Здравје Радово увоз – извоз ДОО с. Радово Босилово, за вкупна цена од 6.000.000 евра во денарска противвредност“, стои во одлуката.

Исто така, со одлуката се дава согласност ГТД Бетон од Штип да биде содружник во компанијата Млекара Здравје Радово.

Основна дејност на Бетон од Штип е градежништво, изградба на станбени и нестанбени згради во земјата.