Бетон од Штип за девет месеци прикажа 29,5 милиони денари добивка

23

beton-stip-580x328

Градежната компанија Бетон од Штип, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 29.594.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во деветте месеци од минатата година, компанијата оствари добивка од 39.377.000 денари.

Вкупните приходи во пресметковниот период во 2016-та беа 574.663.000 денари, додека истиот период лани тие изнесуваа 478.090.000 денари.

Основна дејност на Бетон од Штип е градежништво, изградба на станбени и нестанбени згради низ целата земја.