Бетон од Штип за шест месеци оствари добивка од 29,4 милиони денари

154

beton stip

Градежната компанија Бетон од Штип првото полугодие од 2016-та прокнижи добивка од 29.490.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите шест месеци од минатата година, компанијата оствари вкупна сеопфатна добивка од 2.064.000 денари.

Вкупните приходи од продажба од јануари до јуни 2016 година изнесуваа 353.666.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 279.059.000 денари.

Основната дејност на Бетон од Штип е градежништво, изградба на станбени и нестанбени згради.