Градежната компанија Бетон од Штип првите три месеци од оваа година ги заврши со добивка од 4.036.000 денари, покажуваат податоците од неконсолидираниот биланс на успех.
Во првиот квартал од 2016 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во износ од 20.496.000 денари.
Вкупните приходи од продажба на компанијата, заклучно со крајот на март оваа година, достигнаа 128.432.000 денари.
Основна дејност на компанијата е градежништво, изградба на станбени и нестанбени згради на целата територија на Македонија.