Бетон од Штип за три месеци евидентираше добивка од четири милиони денари

29

beton-stip

Градежната компанија Бетон од Штип првите три месеци од оваа година ги заврши со добивка од 4.036.000 денари, покажуваат податоците од неконсолидираниот биланс на успех.

Во првиот квартал од 2016 година, компанијата прикажа вкупна сеопфатна добивка во износ од 20.496.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата, заклучно со крајот на март оваа година, достигнаа 128.432.000 денари.

Основна дејност на компанијата е градежништво, изградба на станбени и нестанбени згради на целата територија на Македонија.