Бетон за девет месеци прикажа 59,2 милиони денари добивка

55

beton-dg1

Друштвото за градежништво Бетон во периодот од 01.01.2016 година до 30.09.2016 година оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 59.265.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на деветте месеци од претходната година, добивката на компанијата изнесуваше 57.020.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година достигнаа 1.497.198.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 1.799.903.000 денари.

Оваа година, заклучно со 30-ти септември реализирани 98 нови вработувања, стои во Образложението кон билансот на успех.

Основни активности на компанијата се истражување, проектирање, изградба и надзор на станбени и деловни згради, како и на индустриски и јавни објекти.