Бетон за девет месеци со консолидирана добивка од 57,3 милиони денари

4

beton-dg1

Друштвото за градежништво Бетон од Скопје за девет месеци од 2015 година оствари консолидирана добивка од 57.339.000 денари, покажува консолидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

“Во периодот од први јануари до 30-ти септември, ДГ Бетон оствари позитивен финансиски резултат во износ од 57.019.610 денари, што е за 35,61% повисок во однос на добивката остварена минатата година. Консолидираните извештаи, покрај работењето на матичното друштво ДГ Бетон Скопје, го вклучуваат и работењето на друштвата за експлоатација на минерали и суровини: Бетон – Про, Бетон – Каменолом и Бетон – Рудник. Во првите девет месеци од 2015 година во консолидираниот биланс на успех е искажана консолидирана добивка во вкупен износ од 57.339.493.000 денари“, стои во Образложението кон финансиските извештаи, објавено на Македонска берза.

Остварените вкупни приходи во пресметковниот период, како што се наведува, изнесуваат 1.934.743.445 денари и во споредба со остварените за истиот период лани се повисоки за 2,68%. Остварените консолидирани вкупни приходи, заклучно со 30.09.2015 година изнесуваат 1.963.696.711 денари.

Вкупните расходи во период од јануари до септември оваа година изнесуваат 1.877.723.835 денари и во споредба со остварените во истиот период во 2014 година се зголемени за 1,92%. Консолидираните вкупни расходи, во овие девет месеци од 2015 година изнесуваат 1.906.357.218 денари.

Според Образложението, вкупните инвестиции во основни средства за период од први јануари до 30-ти септември изнесуваат 14.123.558 денари.

Во овој период, во компанијата се реализирани дополнителни 87 нови вработувања.