Бетон за шест месеци оствари добивка од 45,4 милиони денари

19

beton-dg1

Друштвото за градежништво Бетон од Скопје, во период од први јануари до 30-ти септември оваа година, прикажа вкупна сеопфатна добивка од 45.493.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 43.293.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Бетон во првото полугодие имаа вредност од 882.766.000 денари, додека истиот период лани беа на ниво од 1.213.371.000 денари.

Консолидираните извештаи, покрај работењето на матичното друштво ДГ Бетон, го вклучуваат и работењето на формираните друштва за експлоатација на минерални суровини, како и друштвото за хотелиерство, туризам и услуги.